Повредени се правата на децата од првата мала група од градинката „Кочо Рацин“ во Скопје на кои без најава и образложение им е променета воспитувачката од страна на новата в.д директорка, без да се земе предвид мислењето на родителите и најдобриот интерес на децата, согласно член 3 од Конвенцијата за правата на детето, сметаат од Првата детска амбасада на светот „Меѓаши“.
Родителите од првата мала група во градинката „Кочо Рацин“ веќе неколку недели водат институционална битка за решавање на овој проблем.
Според родителите новата воспитувачка не ги исполнува условите да биде наставничка на нивните деца.
Затоа од оваа организација за заштита на правата на детето им даваат поддршка на родителите, кои на заедничка прес-конференција со „Меѓаши“ побараа институциите да не го игнорираат случајот и да реагираат во интерес на децата.
Граѓанската организација, вели, ќе ги поддржи сите родители кои се соочуваат со вакви случаи кога се повредени правата на децата.
Повеќето родители децата не ги носат во градинка се додека, како што велат, не се реши проблемот, а оние родители, пак, кои немаат можност за чување, ги испраќале своите деца во градинка со порака на ранче дека ја бараат својата воспитувачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст