| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша бесна на Брена: „Ти го киднапираше синот, а ти ја стави во филм“

Документарниот филм за животот на Лепа Брена крена многу прашина со третото продолжение.

Иако документарецот е полн со убави моменти од кариерата на филк пејачката, еден момент на многумина не им се допадна, а прва го искоментира Јелена Карлеуша.

Во филмот за Лепа Брена зборуваат голем број нејзини колеги и пријатели, а помеѓу нив е и Цеца, иако долго време се сметаше дека колешките не се во добри односи.

Јелена Карлеуша гледајќи го документарниот серијал, не се воздржа па на Твитер напиша:

-Колку ти Брено си толерантна жена… Кумот на Цеца, Легија и нејзиниот најблизок пријател Шиптар, ти го киднапираа детето, а ти ја стави во документарецот. На твое место, таа за мене би се појавила само во некролог.

И пред да го сподели ова Карлеуша со јавноста, пред многу години се шпекулираше на оваа тема.

Во 2000 година Стефан, синот на Брена и Боба беше киднапиран.

Home2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top