Остатоци од човечко тело биле пронајдени во село Брвеница, Тетовско, соопшти МВР.
Вчера во 13.20 часот во Центарот за известување и команда Тетово било пријавено дека во атарот на село Брвеница зад фарма за свињи се пронајдени остатоци од човечко тело. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Остатоците биле подигнати и предадени на лекар од Судска медицина за понатамошна постапка. Исто така, биле пронајдени и обезбедени неколку парчиња облека. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст