Според официјалните податоци од парламентот за периодот од јуни до октомври минатата година пратениците не се воздржувале да се приклучат на порносајтови од телефон или од лаптоп и тоа гага – преку безжичниот интернет на парламентот.
Во британскиот парламент за пет месеци се забележани повеќе од 24.000 обиди да се отворат порнографски содржини на интернет. Веста ја потврдија новинари на весникот „Дејли меил“.
Весникот се потпира на официјалните податоци од парламентот за периодот од јуни до октомври минатата година. Обидите се да се приклучат на порнографски сајтови од персоналните компјутери на пратениците и нивните помошници, како и од гости во парламентот преку локалната безжична мрежа.
Анализата покажа дека во текот на еден ден, имало околу 160 обиди да се отворат сајтови со порнографска содржина од интернет мрежата на британскиот парламент. Сепак, сите такви обиди се блокирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст