На пленарна собраниска седница на дневен ред е договорт за добрососедство со Бугарија односно, Предлог–законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да го гласа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и останува на ставот дека ќе ја бојкотира работата на Собранието се додека не се создадат демократски услови за да се врати во Собранието.
Според ВМРО-ДПМНЕ Договорот за добрососедство со Бугарија е штетен за националните интереси на Македонија, не го дефинира македонскиот народ како реална идентитетска посебност, а државата своеволно се откажува и од македонското малцинство во Бугарија. Владата со овој договор одобрува негација на македонскиот јазик и дозволува тој да се нарекува „јазикот според Уставот“, смета опозициската партија.
Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е ратификуван лани во ноември од бугарскиот парламент, а за да стапи на сила треба да го ратификува и македонското собрание. Овој договор го потпишаа премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на први август минатата година на македонски и на бугарски јазик.
Пред гласањето на пленарната седница амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков, пред пратениците на Собраниската комисија за надворешни работи ќе ги претстави програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст