| четврток, 6 декември 2018 |

„Можете само да сонувате… 🙂 ”, и вели Дескоска на „Република“

„Можете само да сонувате… 🙂 ” – би бил мојот учтив коментар на овој текст со хумористичен наслов ,„Дескоска нов член на ИК ВМРО ДПМНЕ“?, објавен во „Република“, напиша на Фејсбук министерката за образование Рената Треневска-Дескоска сакајќи да објасни одредби од новиот Закон за јазиците со што одговори на текстот на „Република“.

„Јас тврдев и сѐ уште тврдам дека двојазични пари и двојазични ознаки на униформите на војската се неуставни. И нив ги нема во донесениот закон. Тоа може да се провери само со отварање на законот кој е објавен на веб страницата на Собранието на Република Македонија. Дали можеби тие што тврдат дека во законот има двојазични пари и униформи за војската, мислат дека е усвоен текстот на законот што тие го договориле?“-праша Дескоска.

Десковска нов член на ИК ВМРО – ДПМНЕ?! (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top