| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Рама ја потврди и ѝ стави печат на тиранската платформа, неговата Влада била заслужна за Законот за јазиците

Премиерот на Албанија, Еди Рама, го оцени усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли.

За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон односите со Македонија.

-Пред неколку дена, во македонското Собрание помина законот кој не можеше ни да се замисли пред некое време. Јас ви велам дека сите вие треба да бидете горди, треба да бидат горди сите тие што гласаа, ја поддржаа и веруваа во оваа партија, бидејќи без неа денеска немаше да постои официјален албански јазик во Македонија, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Рама изрази надеж дека Албанија нема да биде сама во европското семејството, туку заедно со другите земји од Балканот, како што рече, каде што најмногу живеат Албанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top