Околу 130 илјади луѓе се движат од сириската провинција Идлиб кон турската граница, бегајќи од засилените артилериски напади на владините сили врз бунтовниците во тој дел на Сирија, соопшти Црвената полумесечина на Турција.
Артилериските напади предизвикаа жртви и тие луѓе се упатија кон турската граници барајќи заштита за своите животи, изјави претседателот на Црвената полумесечина на Турција, Керем Киник. Според него, доколку нападите на сириските владини сили продолжат, можно е бројот на бегалци што ќе се упатат кон Турција да се зголеми на над 500.000. Керем информира дека бегалците се згрижуваат во кампови во реонот на Рејханли-Џилвеѓози на 10 до 20 километри од турско-сириската граница.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим пред два дена ги повика Русија и Иран да извршат притисок врз сириските власти да запрат со нападите врз бунтовниците. Според Бинали, продолжувањето на нападите претставува закана за почеток на нов мигрантски бран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти