Првата дама на Франција Брижит Троњо Макрон, која е 24 години постара од нејзиниот сопруг Емануел Макрон била негова инспирација за тој да напише еротски роман.
Како што пишуваат странските медиуми, Емануел во 1993 година, кога имал 16 години напишал роман со еротска содржина.
Макрон често е на тапет на медиумите поради неговиот приватен живот.
Невообичената врска помеѓу Макрон и Троњо станала официјална кога тој наполнил 18 години. Во книгата што ја објавил во ноември минатата година – „Револуција“, самиот ја опишува аферата како „љубов често тајна, често криена и погрешно протолкувана“.
Брижит во тоа време била мажена и имала три деца, а со ученикот наводно се зближила додека заедно работеле на една училишна претстава.
– Заедно пишувавме една претстава и малку по малку ме воодушевуваше неговата интелигенција. Не беше како другите, вели Троњо во документарецот за телевизија „Франс 3“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст