„Упорноста се исплати, со срце и силна волја се бранат боите на Македонија. Честитки за победата на македонските ракометари. Нека се множат победите јунаци, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во честитката до ракометарите.
Честитката на Мицкоски доаѓа откако македонската ракометна репрезентација со триумф над Словенија (25-24) ги почна настапите на Европското првенство што се одржува во Хрватска.
По нерешените 11-11 на полувреме „црвено-жолтите“ имаа фуриозен почеток на вториот дел и серија од 4-0 за четири минути, а во 35.минута празен гол за плус 5 од својата половина промаши Дејан Манасков, по што Словенците го постигнаа првиот гол во продолжението.
Следуваше подобра игра на словенечкиот состав и резултатски приклучок. Се влезе во драматичен финиш во кој поуспешни беа нашите репрезентативци за на крајот да им приредат голема радост на присутните Македонци во „Арена Загреб“.
Најефикасни во македонската селекција беа Дејан Манасков со осум и Кирил Лазаров со седум погодоци.
Следниот дуел Македонија го има со Црна Гора в понеделник во рамките на 2.коло од Ц-групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи