| четврток, 6 декември 2018 |

Милион луѓе одлучија кој е најдобриот актер на сите времиња

Том Хенкс е најдобриот актер во историјата. Ѕвездата во филмовите „Forest Gamp“, „Big“, „Turner & Hooch“, „A League of Their Own“ и други, освои најголем број гласови во анкета на познатата дигитална медиумска куќа „Ранкер“ од Лос Анџелес.

За Хенкс својот глас го дале 1.1 милиони корисници.

Хенкс, кој се прослави со филмовите „Форест Гамп“, „Спасувањето на војникот Рајан“, „Филаделфија“ и други, го доби ова признание и се најде пред Бет Дејвис и Марлон Брандо, кои се на второ и трето место меѓу 10-те најдобри на сите времиња.

Следуваат Џејмс Стјуарт, Кетрин Хепберн, Роберт Де Ниро, Џек Николсон, а последните тројца на листата се Морган Фриман, Ентони Хопкинс и Дастин Хофман.

Ранкер е американска интернет страница која спроведува анкети од светот на забавата, спортот и културата. Месечно го посетуваат повеќе од 49 милиони луѓе.

Преостанатиот дел од листата на најдобри актери на сите времиња изгледа вака:

1.Том Хенкс

2.Бет Дејвис

3.Марлон Брандо

4.Џејмс Стјуарт

5.Кетрин Хепберн

6.Роберт де Ниро

7.Џек Николсон

8.Морган Фриман

9.Ентони Хопкинс

10.Дастин Хофман

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top