Жена која исчезнала од околината на Њујорк пред 42 години пронајдена е во сојузната држава Масачусетс во установа за луѓе со тешкотии. Локалните власти потврдиле дека страда од деменција. Флора Стевенс денес има 78 години, а го користела презимето Харис кога полицајци ја пронашле во близина на Бостон.
Никому не му е јасно што се случувало откога исчезнала во август 1975 година до денот кога е пронајдена. Флора, која тогаш имала 36 години, последен пат била видена кога сопругот ја оставил во Монтицело за да направи лекарски преглед. Кога се вратил, ја немало.
Полицијата повремено го истражувала случајот, но немало никаков напредок во истрагата се до септември 2017 година.
Биле пронајден остатоци во соседниот округ. Полицијата се посомневала дека тие остатоци можат да видат од Стевенс, но истрагата открила дека некој ги користи нејзините податоци во Масачусетс. Така дошле до институцијата „Ловел“, каде што била сместена од 2001 година.
Според достапните податоци Флора во меѓувреме живеела во домови за стари лица во Њу Хемпшир и Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст