Македонската ракометна репрезентација на стартот на 13 Европско првенство вечерва во Загреб за ривал ја има селекцијата на Словенија. Тоа е репрезентација која на последните две СП постигна победи над Македонија, во Катар загубивме во осминафинале, додека во Мец поразот беше во групната фаза.
Во меѓусебните дуели скорот е 4-1 за Словенија притоа Македонија единствената победа ја постигна на ЕП 2012 во Белград кога победи во натпреварот за 5.место 28:27.
Вчера селекторот Раул Гонзалез го скрати списокот од 19-те играчи отпаднаа: Златко Даскаловски, Гоце Ојлески и Велко Маркоски.
Двете селекции на овој шампионат ќе имаат помош и од трибините. Се очекува околу 2.000 македонски навивачи и околу 5.000 Словенци да допатуваат во Загреб.
Денешниот противник Словенија на ова првенство ќе настапи ослабен поради неколкуте повредени играчи пред се Јуре Доленец.
Во групата покрај Македонија и Словенија се уште и селекциите на европскиот првак Германија и Црна Гора.
Во нашата селекција улога дебитант ја има селекторот Раул, додека од играчите прво Европско првенство ќе има голманот Митревски, додека прво големо натпреварување ќе биде за Мартин Велковски.
Дваесеттиот натпревар на македонската репрезентација на европските првенства ќе го играат шест играчи: К. Лазаров, Миркуловски, С. Стоилов, Ристовски, Манасков и Јоновски.
Добивањето на првиот натпревар ќе биде од исклучително значење за двете репрезентации. Словенците се познати како селекција која игра брз ракомет, а освен тоа се многу груби во одбраната. Тие сакаат да се “тепаат” на паркетот, а кој ќе биде истепан ќе се знае вечерва.
-Мислам дека ако сакаме да ја минеме групата треба да се фокусираме на првиот меч со Словенија, одличен тим кој е воден од одличен тренер. Имаат многу добри ракометари. Прво да го одиграме овој натпревар, да видиме како ќе заврши, па, ќе мислиме на останатите средби. Размислуваме за ова ЕП како тим, така треба и да играме. Силни сме кога сме заедно. На пример кога ќе имаме добра одбрана, кога ќе имаме успешни контри, кога ќе имаме расположен голман, изјави селектрото Раул Гонзалез, пред мечот со Словенците.
Maкедонија и Словенија само еднаш ги одмериле силите на ЕП, и тоа во 2012 во Србија, кога во мечот за петтото место “црвено – жолтите” славеа со 28:27. Словенците двапати беа подобри на светските првенства, првиот пат во 2015 година во Катар (30:28) и потоа минатата годинава во Франција (29:22).
Сепак ова е нов шампионата и двете репрезентации ќе настапат со поинаков состав од претходните меѓународни натпреваривања, а дали Раул Гонзалез ќе ја прочита тактиката на контроверзниот ракометен стручњак Веселин Вујовиќ ќе се знае по натпреварот.
Почетокот на дуелот Македонија – Словенија е во 19:30 часот, а од 17:15 часот е дуелот Германија – Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст