| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца дотерана во стилот на Анета Молика: Насмеани прегрнати како две другарки (ФОТО)

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство.

Стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација, а со тоа повеќе се зближи и со колегите од соседството. Па така, на еден свој настап, Анета беше во друштво на балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, а тоа не пропушти да го овековечи и на фотографија која ја објави на својот профил на Фејсбук.

Двете маркантни дами, дотерани и насмеани ги шармираа обожавателите и следбениците на Анета и „Молика“, а фотографијата ја опишаа како таква која го спојува најубавото од фолк сцената во Македонија и Србија.

До кое ниво стигнало пријателство меѓу овие две познати дами, не знаеме, но од приложеното нема да биде чудо ако слушнеме дека „паднал“ договор и за некоја соработка.

Анета Молика им одржа лекција на Цеца и Јелена (ВИДЕО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top