| четврток, 6 декември 2018 |

Дескоски: Не е можна промена на името без промена на идентитетот

Професорот на правниот факултет во Скопје Тони Дескоски смета дека не е можна промена на името без промена на идентитетот. Според Дескоски основната идентитетска компонента е името. Тој вели дека него не можете да му го смените името во Горан од Тони и тој да остане со истиот идентитет.

-Да јас и понатаму ќе бидам маж ќе имам 46 години ама ќе бидам некој друг, ќе бидам Горан, а не Тони. Од тука обидите или жонглирањата со некакво преименување на државата при што ќе се задржи терминот Македонија ама ќе му се даде некоја додавка се всушност тоа. Обид за преименување, а потоа се отвара целиот идентитески пакет кој не води до суштината на проблемот дека Грција неможе да ја прифати македонската нација како таква. Ќе ве потсетам денеска повторно во истиот документ кој е официјален документ на грчкото МНР и кој ја одразува официјалната позиција на Грција стои дека срцевината на проблемот за името е всушност вештачката и лажна македонска нација создадена од Тито во текот на втората светска војна. Замислете сега ние преговараме од позиција на вештачка и лажна македонска нација создадена од Тито. Од тука произлегува вистинската намера да се држи прашањето за името да не се дојде до решение, Република Македонија да се држи надвор од НАТО, што решава некои други безбедносни проблеми на Грција. Целта е олабавување на притисокот врз Србија за Србија да се приклони кон западната Алијанса. Спорот за името беше измислен од владата на Мицотакис и од неговиот министер за надворешни работи не од друга причина, туку како форма на притисок врз нашата држава да не излезе од федерацијата на скратена Југославија на Слободан Милошевич. Практично тие се обидуваа за Слободан Милошевич да го задржат неговиот плен или делот од територијата. Решавањето на проблемот со името е приоритет на грчката со цел да спречи влегување на Македонија во НАТО, изјави Дескоски.

Тој вели ,, Може слободно да проверите на страната на нивното МНР и ден денеска, вчера, пред 10 години тврди, тврдеше и се уште тврди дека иредентистичката политика на Република Македонија е манифестирана во серија повреди на привремената спогодба од наша страна. Истите тие повреди беа предмет на разгледување на меѓународниот суд на правдата и тој најде дека грчките тврдења се неосновани или лажни.’’

Дескоски ја коментираше и нашата дипломатија која според него е тромава и инертна во докажување на спротивното и покрај пресудата која Македонија ја има од меѓународниот суд на правдата. Таа пресуда покажува дека Грција ја крши привремената спогодба. Таа докажа дека Грција ги нарушува добрососедските односи Македонија е жртвата додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top