| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорот на САД во Панама поднесе оставка: Не можам да му служам на Трамп

Амбасадорот на САД во Панама, Џон Фили, денеска поднесе оставка, посочувајќи дека чувствува дека повеќе не е подготвен да му служи на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Како млад службеник на надворешно политичките служби, дадов заклетва дека верно ќе му служам на претседателот и на неговата администрација на аполитичен начин, дури и кога можеби не се согласувам со одредена политика. Оние кои ме обучуваа јасно ми ставија до знаење дека доколку верувам дека не сум во состојба, имам чесна обрвска да поднесам оставка. Дојде тој момент, наведе Фили во писмото што го упатил до Стејт департментот.

Претставник на Стејт департментот го потврди заминувањето на Фили, наведувајќи дека тој „ги известил Белата куќа, Стејт департментот и Владата на Панама дека на 9 март годинава ќе ја напушти функцијата поради лични причини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top