| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Апелација скандалозна, судот замижа пред фактите

Отфрлањето на жалбите на одбраната и решението патриотите да останат во притвор е целосно правно неиздржано, реагира опозијата по одлуката на Апелациониот суд.

„Притворените патриоти не се терористи. Уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени во врска со настаните од 27 април не сториле никаков терористички акт, немале намера да се сокријат од правдата, ниту пак влијаеле или имале намера да влијаат врз истрагата. Оперските пејачи, глумците, режисерите, архитектите, докторите и останатите се жртви на политички прогон само заради тоа што имаа храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта.
Судот денес беше соучесник во уништувањето на правната држава. Судиите не собраа сили да се кренат над притисокот и политичките конструкции“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку соопштение испратено до јавноста тие одлуката на Апелација ја оценија како скандалозна и политички конструирана. Велат дека институциите паднале на тестот за владеење на правото и покажале дека Македонија нема капацдитет за придвижување на државата кон Евроатланските структури.

„Судот замижа пред сите факти и аргументи. Судот замижа пред извештајот на Народниот правобранител во кој јасно се вели дека полицијата извршила прекршување на законот при апсењето, со што директно извршила кривично дело од чл.140 од КЗ непочитувајќи ги имунитетот на пратениците, но и пресумпцијата на невиност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат судството не смее да биде алатка на политиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top