Холивудскиот продуцент Харви Вајнстин деновиве ги полни таблоидите со сведоштва од жени кои биле злоупотребувани од него во Холивуд. За Харви светските медиуми пишуваат дека сексуално злоупотребувал и силувал голем број од неговите колешки актерки, а синоќа самиот беше физички нападнат во еден ресторан.
Имено, во ресторан додека вечерал со свопјот тренер, на Вајнстајн му се доближил непознат маж и му удрил две шлаканици, по што Вајстин се обидел да с еодбрани.
Медиумите се обидуваат да дознаат што точно следувало пред шлаканиците. Според нивните пишувања, момчето кое го нападна Вајнстин се вика Стив и тој заедно со негов пријател вечерале во истиот ресторан со Харви Вајнстин и неговиот тренер. Стив му се приближил на Харви и побарал од него да направат заедничка фотографија, но Харви бил безобразен и го одбил. Тогаш, пријателот на Стив почнал да снима, а Стив му зададе две шлаканици посочувајќи му дека тоа му се од сите жени кои ги злоупотребувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.