| четврток, 6 декември 2018 |

Развод од милион долари: Харви Вајнстин остана и без децата

Харви Вајнстин и Џорџина Чапман оваа недела ги потпишаа документите за развод.

Модната дизајнерка поднесе барање веднаш откако во јавноста се појавија тврдењата дека нејзиниот сопруг сексуално малтретирал и силувал повеќе од десет жени.

Чапман го остави режисерот уште во септември, но сега беше финализирана нивната разделба.

Предбрачниот договор бил од голема полза за поделба на имотот.

Имотот на славниот режисер се проценува околу 300 милиони евра, додека на дизајнерката „тежи“ 20 милиони.

Според одлуката на судот Харви на својата екс сопруга треба да и исплати 15 милиони евра.

Најголем проблем за поделба биле заедничките недвижнини, додека за битката за старателстовото била јасно утврдена па ќерките Идија и Дашиел ќе останат со нивната мајка Џорџина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top