| четврток, 6 декември 2018 |

Секој хороскопски знак е поврзан со 1 посебен грев – кој е вашиот

Секој хороскопски знак има свој грев! Откријте кој е вашиот:

Стрелец-прељуба: Стрелецот е склон на кокетирање. На стрелците очите им лутаат дури и кога се во врска со личноста што ја сакаат.

Риби-мрзеливост: Рибите сакаат да ја држат главата во облаци. Понекогаш изгледаат како само тие да постојат во својот мал свет, а светот минува крај нив и луѓето минуваат крај нив додека тие се движат по сопствено темпо.

Близнаци-неискреност: Тие имаат ужасна навика на измислување приказни. Можеби затоа што хороскопскиот знак е поврзан со две различни лица, па за нив најдобар начин на саботажа е лажењето.

Водолија-самопрогласен Бог: Водолијата верува дека е посебна, и дека сите други се исти. Секогаш се фалат како се мудри, но најчесто за жал, се далеку од вистината.

Рак-обожување-Чувствувате дека личноста која ја сакате е над се. Чекате само на неа, и воопшто не мислите на себе. Затоа, внимавајте кого обожувате.

Јарец-алчност: Не сакате да го напуштите редот што сте си го зацртале. Сакате да се натпреварувате и да бидете сигурни дека сте оној кој најмногу заработува од сите други на работното место.

Лав-гордост: Нарцисоидни сте и себични. Природни сте во се што правите и импресионирате за час. Понекогаш сте арогантни и луѓето ве избегнуваат заради тоа.

Бик-неумереност: И Бикот спаѓа во одреден вид на нарцисоидна личност. Дали е за добра храна или скапа играчка, Бикот сака да прави неумерени работи.

Девица-љубомора: Девицата е многу нестабилна, и најважно и е да испланира како да дојде до најдобрите работи во иднината. Таа сака да е личност за која сите ќе зборуваат, а особено кога се работи за потенцијален љубовник.

Скорпија-блуд: Скорпиите се полни со страст која може да се претвори во целосно лудило. Но, никогаш не можете да најде љубов во сите. Затоа, поголемиот дел од времето, има проблем со блиските луѓе кои не сакаат со вас да бидат интимни толку колку што Девицата би сакала.

Вага-суета: Вагата не се грижи за ништо на светот како што се грижи за сопствената убавина. Иако таа може да помине повеќе часови пред огледало, таа сепак сака да работи и на внатрешната убавина бидејќи комбинацијата од двете е клуч за успехот.

Овен-убиство: Овенот е полн со гнев и непредвидлив. Ако се сретнете со гневен Овен, тоа може и да не го преживеете. Тој е многу силен и спонтан, и тоа речиси секогаш доведува до проблеми. Овенот мора да биде внимателен, бидејќи ако го совлада гневот, може да повреди некого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top