Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск смета дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од дејството во популарната телевизиска серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones).
Тој, на инаугурацијата на бугарското претседателство со ЕУ, во Софија, предупреди дека на Западен Балкан, каде Брисел се обидува да воспостави тесни врски со земјите кои сакаат да се приклучат на ЕУ, не треба да се дозволи да се случи сценарио од популарната серија.
-Историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото на „Игра на Тронови“, иако во неа нема змејови. Сите посакуваме сегашноста и иднината на Балканот да биде како помалку драматично сценарио. Стабилност, безбедност, напредок е она што го заслужуваат луѓето од целиот регион. А целта на ЕУ е да го направи ова сценарио реалност – рече Туск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст