Иницијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името, очекуваат владите во Скопје и во Атина од медијаторот Метју Нимиц на претстојната рунда разговори за на 17 јануари во Њујорк.
Шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на вчерашната целодневна средба во Солун, изразија оптимизам дека решение е можно. Разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликите околу името, јави дописникот на МИА од Атина.
Се согласија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.
Унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните мерки за градење доверба, беа исто така во фокусот на средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.
Средбата Димитров-Коѕијас беше најавена од двете министерства во исто време, но не беа соопштувани локацијата, ниту времето, се до последен миг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст