На тринаесетгодишно момче од село Пепелиште, Неготино, му пукнале две петарди во рака. Настанот се случил завчера, во вечерните часови.
Според СВР Велес, момчето се обидело да ги запали двете петарди истовремено, при што му пукнале и му направиле повреда на левата рака. Истото било пренесено во болницата во Неготино, а од таму препратено во Општа болница Кавадарци, каде му била укажана помош. Потоа било пуштено на домашно лекување.
Петардите се вообичаена Ноовогодишна забава која често знае скапо да ги чини децата. Затоа, со години наназад во Кавадарци Општинскиот совет за превенција од малолетничко претстапништво во соработка со МВР ПС ОН Кавадарци реализира едукација на ученици, каде децата се информираат за ризиците и опасностите од употреба на петарди.
Исто така, се праќаа силни пораки и до возрасните, за заедничко делување и спречување на несакани последици. Се спроведоа повеќе регионални акции на кои мотото беше – Ако ме сакате, не ми купувајте петаради, туку купете ми шал, капа, чоколадо.
Неколку дена пред Новогодишниот дочек, во кавадаречко беа запленети четири возила и голема количина на пиротехнички материјали, како разни видови на петарди, ракети, летечки и рафал петарди и друго. И покрај предупредувањата и полициските акции, сепак петардите сеуште остануваат лесно достапни на најмладите и можат без проблем да се купат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст