| четврток, 6 декември 2018 |

Искрена исповед на ќерката на Цеца: За битката со вишокот килограми, за момчињата, за парите

Анастасија Ражнатовиќ за српски курир зборува за својот изглед откривајќи некои детали.
-Во пубертет се здебелив, имав над 20 килограми повеќе, и целосно се изобличив, и тогаш не бев задоволна од својот изглед.Тоа ме држеше 2-3 години сигурно, по што одлучив дека не сакам повеќе да изгледам така. Почнав со здрава исхрана и тренинг. Бев се позадоволна од својот изглед и сега сум целосно задоволна – вели Анастасија.

Ќерката на познатата срспска турбофолк пејачка Цеца е задоволна како од својот физички изглед, така и од својот емотивен статус. За љубовниот живот не сака многу да коментира, освен што посочува дека за брак се уште не размислува, зашто смета дека е рано. Вели, момчиња и приоѓаат и поради тоа што им се допаѓа, но и поради тоа што е ќерка на Цеца, па така што и е тешко да ја процени вистинската причина за нивното додворување.

– Тоа е всушност многу тешко. Секако дека ми приоѓаат затоа што сум ќерка на Цеца и затоа што ме има во медиумите, и ете, демек популарна сум (се смее)… Не знам, едноставно или го имаш тоа во себе за да процениш или го немаш… Ја имам таа среќа да имам добра проценка за луѓето и да знам кој е тука заради мене, а кој од други причини – вели Анастасија.

Што се однесува до плановите за во иднина, Анастасија вели дека и се не надева наскоро дека ќе се пофали со нејзината прва песна, бидејќи смета дека е подготвена да тргне во тие води. Сака да снима нешто квалитетно и одлично.

Младата Ражнатовиќ сама заработува, на пто е многу горда.

-Нема да навлегвувам во бројки, ќе кажам дека сум многу горда на тоа затоа што отсекогаш сум сакала да имам некој свој денар, да не барам од мајка ми – вели Анастасија и додава дека луѓето со кои се дружи не ги бира според нивната финансиската состојба, туку според нивните вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top