| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук за прв пат изгуби судски процес – 14 годишно девојче „победи“ на суд

„Facebook“ треба да плати обештетување на 14 годишно девојче во износ што таа ќе го побара. Ова е разврската на судскиот спор што се водеше во Врховниот суд во Белфаст. Девојчето, чија гола фотографија била објавена на оваа социјална мрежа ја тужеше компанијата за психички трауми , кои можеле да бидат спречени. Така, нејзината фотографија била објавена поради уцена од неидентификувано лице,но потоа била споделувана и покрај предупредувањата од родителите на девојчето. „Facebook“ требало да го спречи ширењето на фотографијата, смета судот.

Фотографиите биле објавувани од ноември 2014 до јануари 2016 година.

Нејзините адвокати бараа отштета за злоупотреба на приватни информации, небрежност и прекршување на Законот за заштита на податоците.

„Ако овие фотографии биле објавени во весник или на ТВ, ќе имало сериозни реперкусии и тие истите треба да се применуваат и за платформите што се користат во светот на социјалните медиуми“, сметаат адвокатите на девојчето .

Тие го споредија објавувањето на фотографиите со злоупотреба на деца и тврдеа дека Фејсбук имал моќ да блокира било кое споделување, што требало да биде „црвена линија“ за компанијата.

Фејсбук има обврска да ги плати и судските трошоци на девојчето. Ова е прв случај во светот социјалните мрежи да бидат осудени поради ширење несоодветна содржина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top