Оперскиот пејач Игор Дурловски денеска се појави во Апелациониот суд каде што на јавна седница се расправаше за жалбата на неговата одбрана да му се укине притворот.
Адвокатот Еленко Миланов рече дека осомничениот не повикувал на насилство во Собранието и не ги упатувал присутните во салата. Обвинителката од Вишото јавно обвинителство рече дека бара мерката притвор да остане бидејќи Дурловски бил во највисокиот законодавен дом за време на настаните на 27 април минатата година.
Одлуката на Судот ќе биде објавена деновиве. Во судницата беше присутна и сопругата на Дурловски, Ана Дурловска, која носеше маичка со натпис „Правда за Игор“.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст