Европската унија од власта и од опозицијата на Македонија очекува да продолжат со исполнување на политичкиот договор од Прижино, а истовремено од земјата се очекува да работи на итните реформски приоритети и на враќањето на евроинтеграцискиот пат, велат извори од Европската комисија, јави Дојче веле.
Ова е содржано во документите кои ги изготвува ЕУ за претстојниот период, кои во моментов се во „интерна работна фаза“.
– Само така Европската комисија ќе може да препорача отворање на пристапните преговори – предупредуваат во ЕУ.
Европските претставници од земјата очекуваат и продолжување на зајакнување на односите со соседите.
Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич објаснува дека во ЕК во моментов работат на два документа кои се однесуваат на Западниот Балкан. Првиот е новата Стратегија која треба да биде претставена во февруари, додека за април е планиран редовниот годишен извештај за напредокот кој ќе биде пресек на состојбата во сите земји во процесот на евроинтеграцијата и препораките на ЕК, како и за секоја земја одделно.
Притоа, според Коцијанчич, ЕК смета дека е важно да се направи одвоена работна рамка за секоја земја од Западниот Балкан.
На првиот состанок на комесарите на ЕК во 2018 година меѓу другото беше разгледано и приближувањето на Западниот Балкан кон ЕУ.
Во ЕК велат дека токму 2018 година ќе пружи уникатна шанса за неповратно приближување на Западниот Балкан кон ЕУ.
– За тоа да го постигнат земјите од регионот мораат да им дадат највисок приоритет на реформите во областа на владеењето на правото, правосудството и основните права. ЕУ нема да прави компромиси околу критериумите за членстви – вели Коцијанчич.
Истата тема ќе биде на дневен ред и в петок, кога во Софија европските комесари ќе разговараат со бугарските претставници за приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ.
Во согласност со најавите од Брисел и официјална Софија порача дека во текот на шестмесечното претседавање нејзин приоритет ќе биде токму напредокот на Западниот Балкан.
Во деталите од работниот извештај на ЕК се наведува дека земјите од Западен Балкан мора да им дадат највисок приоритет на реформите во областа на владеење на правото, правосудството и основните права
Регионалната соработка и добрососедските односи ќе бидат еден од условите за напредок на земјите од Западниот Балкан не само во 2018 година, туку и услов за членство во ЕУ.
На првиот состанок на еврокомесарите се говореше и за институционалните приоритети на ЕУ во следниот период – реформите на економската и монетарната унија, зајакнување на надворешните граници и Шенген, формирањето на единствениот европски дигитален пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст