| четврток, 6 декември 2018 |

Ако Иванов стави вето, Груби најави повторно гласање

По 15 години од Рамковниот договор денес го заокруживме норматовниот дел од мировниот договор со кој заврши војната во 2001 година, изјави Артан Груби од ДУИ откако Собранието го усвои новиот Закон за јазици.

Сега останува имплементацијата на овој закон, со кој ќе добие Македонија, кохезивно општество и ќе се затворат многу теми – рече Груби.

Ако претседателот Ѓорге Иванов не го потпише указот на законот, Груби најави дека тој ќе се врати во парламентот и пак ќе биде изгласан.

Груби им се заблагодари на сите кои гласале „за“, но и на тие кои не гласале против законот.

-Сметам дека овој Закон е поддржан од сите страни, бидејќи сите партии се потписници на Охридскиот рамковен договор. Очекувам опозицијата да го поддржи овој закон, иако не беа во Собранието за време на гласањето. Со овој закон ќе добие Македонија, а ќе се релаксираат меѓуетничките односи, ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор, вели Груби.

Законот за употреба на јазиците треба да биде потпишан и од претседателот Иванов, за што Груби очекува позитивен исход.

-Доколку Иванов не го потпише законот и застане против Охридскиот рамковен договор, тој ќе се врати повторно во Собранието, каде повторно ќе се гласа. Го повикувам Иванов да стане дел од успешната приказна на заокружување на Охридскиот рамковен договор, додава Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top