Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 30 септември и неплатени до 31 декември минатата година, по основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се објавени 2.370 должници правни лица (повеќе за 13 од претходната листа) и 1.594 физички лица (помалку за 324 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10,767,568,528 денари, помалку за 198,500,347 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,738,756,623 денари (помалку за 182,126,222 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28,811,905 денари (помалку за 16,374,125 денари од претходната листа).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст