Најдобриот црногорски ракометар за 2017 година, Вуко Борозан ќе го пропушти Европското првенство (ЕП) во Хрватска поради повреда. Неговата Црна Гора ќе игра во групата Ц заедно со Македонија, Словенија и Германија.
Првата информација беше дека црногорскиот „бомбардер“ се здобил со повреда на бутниот мускул и раменото по сообраќајна несреќа, но вистината е сосема поинаква. Имено, вардарецот се повредил откако излегол од автомобилот, кога се сопнал и паднал на земја.
Полицискиот извештај потврдува дека по разговорот со Борозан е утврдена причината за неговата повреда, а тоа не е сообраќајна несреќа, пренесува црногорски „Vijesti.me“.
Неговото отуство од репрезентацијата на Црна Гора значително ги намали шансите за пласман во следната фаза од шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст