Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Н. (51) од село Раковец, општина Боговиње, поради сомнение дека сторил кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“.
Според податоците од МВР, во текот на ноември минатата година во објект без назив лоциран во село Врапчиште, пријавениот во својство на физичко лице организирал и приредувал игри на среќа без издадена лиценца и со ваквото дејствие пријавениот го оштетил буцетот на државата која штета накнадно треба да се утврди.
Како што информираат од полицијата, при извршената контрола од пријавениот се одземени: пет телевизори, два компјутери, две тастаури за компјутер, две куќишта за компјутер, три печатари за тикети, централа за поврзување, по два читачи за тикети и други предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст