Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе расправа за жалбите за притворот на уште четири лица приведени во врска со настаните во Собранието на 27 април.
На јавната седница ќе се расправа за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР, за продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, како и за притворот на поранешниот директор на Македонска опера и балет, Игор Дурловски.
Адвокатите на Чавков поднеле жалба по одлуката на Кривичниот суд да му го продолжи притворот за нови 30 дена пред новогодишните празници.
Четворицата се дел од притворените за насилството во Собранието. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција ги товари за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Апелацискиот суд и вчера, како што објави МИА, на јавна седница ги разгледуваше жалбите на дел од притворените за настаните на 27 април, на актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и Оливер Поповски од Шестата управа. Одлуките за овие жалби, како што најави вчера Алепацискиот суд, се очекуваат денеска.
Претставникот на Вишото јавно обвинителство, обвинителот Јован Цветановски, вчера побара од тричлениот совет на Апелацискиот суд да му го укине притворот на Јовановски и да го замени со поблага мерка за обеабедување на присуство.
Неговите двајца колеги од Вишото јавно обвинителство за Поповски и за Ѓошевски побараа второстепениот суд да го потврди решението за продолжување на притворот.
До Апелацискиот суд пристигнале 18 жалби против продлжување на притворите на осомничените за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, на 27 декември минатата година донесе одлука и го прифати предлогот на Обвинителството за организиран криминал и на 23 осомничени им го продолжи притворот за уште 30 дена, а на шест мерката куќен притвор.
Меѓу нив се и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и Борис Дамовски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“. Притворените се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст