| четврток, 6 декември 2018 |

Гореше „голф“ во Маџир Маало

Рано изутрината околу 04:50 часот избувнал пожар на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во скопската населба Маџир Маало при што опожарени се едно возило голф и две дрвени бандери.

Полицијата соопшти дека возилото е сопственост на Б.А. (76) од Скопје.

Пожарот е изгаснат во 5.25 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top