| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар избувна утрово во Скопје

Рано утринава, околу 4:50 часот во Скопје на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ од засега непознати причини избувнал пожар.

Како што соопштуваат од МВР, во пожарот опожарени биле две дрвени бандери и едно возило “Голф“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 76-годишниот Б.А. од Скопје.

Од страна на екипа од Бригада за противпожарна заштита пожарот целосно е изгаснат во 05:25 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top