| четврток, 6 декември 2018 |

18-годшно момче се бори за живот откако било удрено со возило

Вчера во 18.10 часот на улицата Франкилин Рузвелт, К.А. (72) со своето возило марка „Мазда 6“ удри во пешакот Б.Н. (18) од Скопје. Момчето со возило на итната медицинска помош, веднаш било пренесено во Ургентен центар на Клиниката „Мајка Тереза“, каде биле констатирани тешки телесни повреди – фрактура на главата и Б.Н. е во животна опасност.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top