| четврток, 6 декември 2018 |

Најмоќните пасоши во регионот, но и пошироко: На кое место е македонскиот?

На ранг листата на најмоќни пасоши Македонија се наоѓа на 46. место, a македонските граѓани можат слободно да патуваат во 112 држави.

Ханли паспорт индексот за 2018 година, прва на листата ја рангира Германија, чии државјани без виза можат да посетат 177 држави. На второ место е Сингапур (176 земји), а третото место го делат Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, чии граѓани можат слободно да патуваат во 175 држави.

Американците без виза можат да патуваат во 173 земји, и тие се на петтото место.

Најлошо рангиран е авганистанскиот пасош, чии државјани можат да патуваат без потребното одобрување во само 24 земји, пред нив, на 103. место е Ирак (27 држави), а на 102 место е Сирија (28 земји).

Од Балканот Грција е на седмо место, а Грците слободно можат да патуваат во 171 земја, потоа Словенија, која е на 11 место (167 земји), Бугарија е на 20 позиција (156) Хрватска е на 21. место (155 држави), Србија е на 41. (119 држави), Црна Гора на 48. (110), БиХ на 51 место (105), Албанија е на 52. (100 држави) и Косово е на 96. место со можност без визи да се отпатува во 38 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top