| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на кампањата на Трамп обвинет за милионска измама

Поранешниот директор на кампањата на Американскиот претседател , Доналд Трамп , Пол Манафорт се соочува со обвинение за финансиска измама.

Манафорт , кој важеше за близок соработник на Доналд Трамп и ја водеше неговата претседателска кампања се соочува со правни проблеми .

Комапнија од Кипар него и неговиот бизнис партнер Ричард Гејтс ги обвини за финансиска измама.

Комапнијата ,, Surf horizon limited “ поднесе тужба против Манафорт и Гејтс пред Врховниот суд на државата Њујорк , наведувајќи дека двајцата проневериле над 18,9 милиони долари , кои комапнијата ги инвестирала во Украинските телекомуникациски комапнии ,, Black sea cable”.

За да биде скандалот уште поголем , во јавноста излегоа и документите со кои Манафорт се поврзува со изборите во Украина , како консултант на екс прорускиот претседател Јанукович , за што добил 12,7 милиони долари .
Тој работел во неговата партија од 2007 до 2012 година , утврдила антикорупциската комисија во Украина .
Се уште во центарот на Киев постои и кабинетот на Пол Манафорт од каде се занимавал со бизниси за кои се водела двојна финансиска евиденција .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top