| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно: Пијан човек украл тенк од армијата и со него влегол во продавница

Инцидентот се случил во Мурманск , на северозапад на Русија . Пијаниот маж го украл тенкот и со него ,,влегол “ во излог од продавница.

За среќа , никој не бил повреден. Русинот го украл тенкот од локалната авто школа каде се обучуваат за возење и воени регрути .

Возилото не било опремено со оружје. Потоа мажот се прошетал со тенкот низ центарот на градот , каде прво удрил во паркиран автомобил ,а потоа се забил во излог од продавница.

Полицијата го уапсила , по што утврдиле дека мажот бил пијан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top