Американскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој е во центарот на огромен сексуален скандал, беше нападнат во ресторан во предградие на градот Феникс, државата Аризона и два пати удрен по лицето, соопшти интернет изданието Ти-Ем-Зи .
На сајтот е објавен видео запис, на кој се гледа како маж два пати го удира со дланка Вајнштајн по образот.
Покрај тоа, тој искажува непристојни изрази и го обвинува продуцентот за недозволиво однесување кон жените и заклучува дека Вајнштајн треба да си оди.
По инцидентот, Винштајн и неговиот придружник го напуштиле ресторанот. На снимката се гледа дека Винштајн не се спротивставува и изгледа малку обесхрабрен.
и-Ем-Зи објаснува дека инцидентот се случил во ресторанот во вторникот вечерта. Вајнштајн имал вечера таму со консултант, кој му помогал да се воздржи од пиење алкохол.
Продуцентот веќе е обвинет од околу 50 жени за сексуално вознемирување. Скандалот го принуди да поднесе оставка од одборот на директори на неговата продуцентска компанија „Weinstein Co.“ Тој беше исклучен од Американската академија за кинематографија, која доделува „Оскар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст