| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрантите од „ничијата земја“ на Плованија порачаа: „Јебале вас границе“

– Пиранскиот залив и споровите околу него претставуваат класичен пример на продавање на националистичка магла за народите да се бават со непостоечки национални прашања, а не со жешките проблеми на економската и социјалната политика – порачаа на неделниот протест, што се одржа во близина на Пиранскиот Залив, „Радничка фронта“ и словенечката партија „Левица“, каде што се видени и транспаренти со натписи „за Истра и Светот без граници“, „Јебале вас границе“, „Каде е границата на кражбата на работниот народ“, „Границите не им требаат на луѓето, туку на капиталот“ …, пренесува Лупига.

Протестот се одржа на хрватско-словенечкиот граничен премин Плованија каде членови на овие партии на „ничија земја“ предупредиј на „националистичката магла која ни се продава на двете страни“. Својата порака претставниците на овие политички опции ги прочитаа на три јазици – хрватски, словенечки и италијански – а во обраќањето до јавноста се истакна дека во заливот, кој во центарот на вниманието доаѓа според политичките потреби, поголемиот дел од хрватските и словенечките граѓани никогаш не им е битно каде е границата. Напоменаа дека словенечките и хрватските бродови досега слободно поминувале низ заливот, дека рибарите слободно рибареле и дека двете земји се сега во Европската унија.

„Сите силни приказни за „национални интереси“ е куп на бесмислици идеални за политиката на фрлање прашина во очи. Дали е „национален“ интерес на рибарите, дали од Хрватска или од Словенија, да испловуваат под закана на полициска флота и да рибарат во сред агресивните маневри на тие флоти?

Дали е во интерес на работниците, да се бават со „националните прашања“ наместо со своите интереси и да ги продлабочуваат националните конфликти? Манијата на милитаризација, ѕвецкање со оружје и повикувањето на војна не се во интерес ниту на едениот ниту на другиот народ. Туку се во интерес на хушкачите кои имаат само интерес на зачувување на статус кво и на социјална нееднаквост“ велат од Радничка фронта и Левица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top