| четврток, 6 декември 2018 |

И Австрија со референдум за напуштање на ЕУ?

Лидерот на највлијателната опозициска партија во Австрија Партијата на слободата (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе, по излегувањето на британскиот премиер Дејвид Камерон, предложи и Австрија да одржи референдум за напуштање на ЕУ.

– Поддржуваме било каква форма на директна демократија. Поради тоа сметаме дека и граѓаните на Австрија терба да добијат можност да се изјаснат, нагласи тој.
Штрахе нагласи дека Камерон со најавениот реферндум создаде јасна ситуација. Истовремено, тој не ја исклучува можноста Австрија да излезе од ЕУ.
Ако ЕУ се развива во централистичка супер држава, тогаш како последица Австрија ќе излезе од унијата. Тогаш повеќе би сакал сојуз со Швајцарија, порача лидерот на партијата, која според истражувањето на јавното мислење е на второ место според популарноста кај луѓето.
Штрахе оцени дека би било корисно ако се одржи референдум за излегување на Австрија од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top