Најниска стапка на невработеност меѓу земјите-членки на ЕУ има Чешка 2,5%, а зад неа се Малта и Германија со по 3,6%.
Највисоките стапки сé уште се забележани во Грција, со 20,5% во септември 2017 година, и Шпанија со 16,7%. Евростат проценува дека во ноември биле невработени 18.116 милиони граѓани, од кои 14.263 милиони во еврозоната. Месечно бројот на невработени лица е намален за 155.000 во ЕУ и 107.000 во еврозоната. Во споредба со ноември 2016 година, во ЕУ бројот е намален за 2.133 милиони, а во еврозоната за 1.561 милион.
Стапката на невработеност во Европската унија и eврозоната во ноември 2017 година дополнително е намалена, се вели во вчера објавениот извештај на Евростат.
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во 28-те земји на ЕУ, утврдена по методологија на Меѓународната организација на трудот, во ноември се намали за 0,1%, на 7,3%, што е најниско ниво од октомври 2008 година.
И во Еврозоната од 19 држави, се намали за една десетина од еден процент, на 8,7%, а се одржува на најниско ниво од јануари 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст