Србија оваа година ќе добие нов државен празник – Свети Кирил и Методиј, кој се одбележува на 24 мај, пишува „Вечерни новости“.
„Со тоа нашата земја ќе се приклучи на групата словенски земји што ги слават словенските просветители и мисионери“, пишува белградскиот весник.
Иницијативата 24 мај да се прогласи за државен празник е на Министерството за култура на Србија, а предлогот во владата официјално ќе го испрати Министерството за труд и вработување.
Од Министерството за култура за „Вечерни новости“ рекле дека новиот државен празник не значи нов неработен ден, туку неговата суштина е оддавање почит и внимание на Кирил и Методиј поради важноста на нивната улога за сите словенски народи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст