Владата најавува дека до крајот на јануари ќе се формира ново тело „Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за периодот 2017 – 2022“. Со новото тело ќе претседава претседателот на Владата, Зоран Заев. Минатиот месец Владата донесе одлука и за формирање на Совет за реформа на јавната администрација, со кој, како што беше најавено, ќе раководи, исто така, претседателот на Владата.
Од Владата велат дека се задоволни од она што го има сработено Советот за реформи во правосудството. Новоформираното тело, велат од Владата, ќе продолжи со имплементацијата на реформите.
„Сега следува новата фаза, фазата 9 од Планот 3-6-9 за имплементација на оваа стратегија. Преминуваме на наредната фаза. На вчерашната владина седница премиерот Заев ги информираше министрите дека до крајот на јануари ќе се формира нов Совет за следење на имплементацијата на стратегијата за правосудството за период 2017 – 2022“, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.
Работата на Советот за реформи на правосудството беше јавно критикувана од негови членови, а помеѓу нив: извршниот директор на Хелсиншкиот комитет Македонија Уранија Пировска, универзитетскиот професорот Гордан Калајџиев и универзитетската професорка Мирјана Најчевска. Пировска, Калајџиев и Најчевска поднесоа оставки од Советот.
Најчевска: Граѓаните ги излажаа, нас не изиграа, реформи во правосудството нема
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст