| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивна исповед на Цеца за животот со Аркан: Тој човек смееше се’!

За српската пејачка Цеца јануари е најтежок месец бидејќи ја врзува со повеќе трауматични настани од нејзиниот живот. На 15, јануари годинава навршуваат 18 години од смртта на нејзиниот споруг Жељко Ражњатовиќ Аркан, а таа вели дека иако минало многу време, датумите не се забораваат и секоја година станува се потешка.

– Доаѓа јануари, па роденденот на Жељко, па годишнината од нашиот брак… Датумите не се забораваат, болката, стресот остануваат во тебе. Сметам дека на моите деца еден родител им беше неправедно одземен.

– За него слушнав се и сешто пред да го запознаам, а похрабро суштество од него се уште не сум запознала. Тој човек смееше се’! Како жената да не се заљуби во него. Но не беше само тоа во прашање, беше многу интелигентен. А кога требаше беше и многу нежен, вели Цеца за српски Телеграф.

–  Пред него немав никаков допир со „светот на мангупите“. Пред да го запознаам се дружев со колегите од естрадата. Се омажив со него од голема љубов и му родив две деца. Тие се уште се центарот на мојот свет. Не можам да кажам дека од крајот на тој брак не сум имала врска. Имало и посериозни и помалку сериозни, но ниту една не прерасна во брак. Тоа никогаш не ми паднало на памет. Сеуште со голема гордост и среќа можам да зборувам за мојот брак со Жељко  бидејќи беше основан на голема љубов, вели меѓу другото српската пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top