Преку владиниот портпарол, но и преку владини извори за грчките медиуми, Атина ги отфрла шпекулациите објавени на сајт на албански јазик дека наводно е постигнат договор за името Нова Македонија.
Димитрис Ѕанакопулос, како што јавува дописникот на МИА од Атина, вели дека во никој случај нема да навлезе во шпекулации со имиња, додека пак извори од грчката влада за медиумите велат дека станува збор за чуден и непознат сајт.
– Она што ја интересира грчката влада не се неоснованите имиња. Она што нѐ интересира е да има напредок во преговорите на сериозен начин, за во текот на следните месеци да успееме да стигнеме до решение на овој проблем, рече владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос на редовниот брифинг со новинарите.
Грчките изданија на Си Ен Ен и Хафингтонпост, онлајн изданијата на весниците Прото тема и Реал, телевизијата Антена, се само дел од медиумите во Грција што објавија идентичен став на Атина, повикувајќи се на извори од владата во врска со објавениот текст на infoshqip.com.
– Во врска со албанскиот сајт што напиша (и објави грчки документ што не постои) дека Атина со Скопје разговара за името Нова Македонија, станува збор за еден чуден и комплетно непознат сајт, коментирале владини извори за медиумите во Грција и потенцирале дека всушност, албанскиот сајт ги презел сценаријата за името што биле објавени во Грција.
„Како и да е, пораката што Атина ја испраќа до Скопје е следната: Ние како Грција, искрено сакаме решение, ама не сме ние тие на кои им гори под нозе. Вас ви гори под нозе за решение (за интеграција во НАТО и ЕУ), договорете си се (Словените со Албанците) за името“, бил ставот на извори од грчката влада, како што објавуваат Си Ен Ен, Хафингтонпост, Прото тема, Реал, Антена и уште ред други онлајн изданија на грчките медиуми.
Речиси сите грчки медиуми, го презедоа она што infoshqip.com го објави како наводен договор меѓу Македонија и Грција. Грчките новинари за ова, побараа одговор и од вицепремиерот Бујар Османи, кој рече дека сите објавени имиња и предлози во медиумите се само шпекулации.
миа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст