Најважните каталонски политички партии кои се залагаат за независност на оваа покраина, постигнале договор повторно да го изберат Карлес Пучдемон за регионален лидер, информираат шпанските медиуми.
Ова го потврдил висок претставник од коалицијата, кој посакал да остане анонимен.
Пучдемон кој е лидер на политичката платформа „Заедно за Каталонија“, наводно, договорот за ова го постигнал во вторникот на заедничка вечера во Брисел со Марта Ровира од „Републиканската левица“, која е на чело на партијата додека лидерот Ориол Жункерас е во затвор, пренесуваат шпанските медиуми.
Инаку, седницата на новиот каталонски парламент е закажана за 17-ти јануари.
Пучдемон, кој побегна во Белгија со цел да избегне да оди во затвор, планира преку видео линк да им се обрати на делегатите или пак неговиот говор, кој кандидатите за лидер на Каталонија мораат да го одржат во пресрет на гласањето, да го прочита негов претставник.
Сепаратистичките партии освоија тесно мнозинство во парламентот на регионалните избори на 21-ви декември, кои беа распишани откако шпанскиот премиер Мариано Рахој го разреши Пучдемон и членовите на неговиот кабинет, откако Каталонија прогласи независност по референдумот во октомври минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст