Фотографијата која настана во саботата, на Бадник, пред црквата Свети Николиј во селото Александровац, во општината Жабари во Србија зачуди многумина.
Она што е забележано од камерата, едноставно е неверојатно. Веројатно на оваа глетка многумина се прекрстиле и помолиле, а и оние кои не веруваат не останале рамнодушни.
Фотографијата настанала во текот на палењето на бадникови огнови пред црква, а во десниот горен агол, веднаш до ѕидот од црквата, се гледа нешто како челуст на некаков призрак, кој бега од пламенот кој излегува од бадниковиот оган.
Околу огнот е собран народоткој дошол да се помоли и свечено да го дочека најрадосниот христијански празник, Божиќ.
Верниците тврдат и цврсто веруваат дека таа вечер нивниот свештеник Ивица Калиновиќ, со силата на молитвата ја разобличил злата сила и ја истерал пред доаѓањето на празникот Христово раѓање – Божиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст