| четврток, 6 декември 2018 |

Кражба во центарот на градот: Скопјанец го оставил клучот на брава, останал без својата „Опел Вектра“

На 09.01.2018 година З.В. (54) од Скопје пријавил дека во периодот од 12.00 часот на 05.01.2018 до 07.00 часот на 09.01.2018 година, од ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителот ја отворил вратата, влегол внатре и го стартувал возилото со оригинален клуч, кој стоел на бравата и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и расчистување на настанот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top