Итните мерки против загадувањето на воздухот се стапени во сила. Со нив се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба. Овозможен е и бесплатен јавен превоз за да се спречи загадување на воздухот од страна на автомобилите и другите моторни возила кои се користат како превозни средства на граѓаните низ главниот град. Дека мерките не важат за сите и не се спроведуваат на дело, сведочи и оваа фотографија снимена во центарот на градот Скопје. Загрижен граѓанин со неа упати порака до институциите за поефикасно справување со загаденоста на воздухот кој жителите на главниот град ги чини живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст